Wazamba Казино
4.5/5

Wazamba Казино

Wazamba Казино е интересен казино сајт со живописни бои кој ќе ве однесе во срцето на џунглата. Таму ќе најдете илјадници игри и многу интересни опции.

СопственикRabidi N.V.
Година на основање2019
ЛиценцаКурасао
Број на игри5,000+
Најдобри игриViking Wild Cash, Queen of the Forest: Autumn Kingdom, Aztec Sun: Hold and Win, Fortune Three, Mega Roulette Live: Fire Blaze
Начини на плаќањеMasterCard, Skrill, Skrill 1-Tap, Payz, Neteller, Jeton, MiFinity, Tether, Bitcoin, Litecoin, Ethereum, USD Coin, Binance Coin, Dogecoin, Solana, Shiba Inu, Tron.
Време на повелкување1 до 3 дена

Позади егзотичното име се крие и егзотичен дизајн. Wazamba Казино е интересен казино сајт со живописни бои кој ќе ве однесе во срцето на џунглата. Таму ќе најдете илјадници игри и многу интересни опции.

Wazamba Казино започна со работа во 2019-та година како дел од семејството на Rabidi N.V., компанија која во моментов се грижи за околу 40 онлајн казина. Таа е основана во Курасао, па како и во повеќето случаи, и казиното кое го менаџира (во случајов Wazamba онлајн казино) има лиценца од оваа држава.

Покрај интересниот дизајн и одличната понуда на игри, Wazamba казино ви нуди и бонус за добредојде како и секојдневни бонуси за постојните играчи. Сајтот не е преведен на македонски јазик, но може да се користи на неколку други јазици покрај англискиот, како на пример на хрватски.

Казино играчите од Македонија може да користат неколку опции за уплата и исплата и да очекуваа фер услови. Овој сајт нуди и корисничка поддршка на повеќе од еден начин.

Дали овој сајт е може да се најде на листата на најдобри онлајн казина во Македонија? Одговорот ќе го добиете откако ќе ја прочитате нашата детална Wazamba казино рецензија.

Предности
  • Специјален бонус за крипто играчи
  • Брза и професионална корисничка поддршка
  • Преку 5,000 игри
  • Исплати без провизии
Слабости
  • Нема мобилна апликација
  • Не нуди исплата на трансакциска сметка

Wazamba Casino Бонуси и Промоции

Можеби нема казино бонус без депозит, но затоа Вазамба Казино ви нуди широка лепеза на бонуси и промоции поврзани со вашите депозити и облози. Тие можат значително да го зголемат вашиот буџет за играње. Добрата вест е дека Wazamba има разумни барања поврзани со овие понуди.

Бонус за добредојде

Стандардно е секој нов играч во Wazamba Casino да добие бонус за добредојде. Со вашиот прв депозит во ова казино добивате 100% совпаѓачки бонус до 500 евра како и 200 бесплатни спинови а и една бонус краба. Последното ви дава шанса да играте на награден автомат (како оние со мини-кран кој извлекува играчки и работи на парички). Добивате пренос во живо од самата игра.

За да го добиете овој бонус треба да уплатите барем 20 евра, што можеби е малку повисока сума од вообичаениот минимум. Запомнете и дека обртните барања за добивкие од бонус парите изнесуваат 35x од бонус сумата и депозитот, што исто така не е баш лесно да се оствари. Од друга страна, треба да ги обложите добивките од бесплатните спинови 40 пари пред да може да ги повлечете.

Позитивно тука е тоа што може да повлечете до 10 пати од сумата на бонусот кој што сте го добиле. Не заборавајте дека уплати со Neteller и Skrill нема да ви дозволат користење на овој бонус.

Како во рекламите на Топ Шоп, во овој дел од нашата Wazamba казино рецензија ќе истакнеме – Но, тоа не е сѐ! Играчите кои ќе се одлучат првите четири уплати да ги направат со помош на криптовалути може да очекуваат до 100 mBTC (милибиткоини), 100 бесплатни спинови и 1 бонус краба. Условите остануваат горе долу исти, но како што може да забележите максималниот бонус е повисок.

Бонус за постоечки играчи

Видовме дека може да искористите солидни бонуси како нов играч во Wazamba онлајн казино. Но, според нас, бонусите кои им се достапни на регуларните играчи имаат уште поголем потенцијал особено заради нивната разновидност.

Па така, секој посточечки играч може да искористи т.н. неделно надополнување. За секоја уплата од барем 20 евра меѓу понеделник и четврток добивате 50 бесплатни спинови. Кога сме кај неделните промоции има и 15% кешбек понуда до 3,000 евра која с езасметува еднаш неделно.

Како што кажавме и во воведот за делот посветен на казино бонуси во ова казино, има и дневни промотивни понуди кои најчесто нудат ваучери од 10 евра за играчите кои ќе исполнат одредени услови играјќи предодредени игри како шоу игри во живо или блекџек.

На крај, да истакнеме дека постои и Wazamba ВИП програма. Оваа оригинална програма ги сумира важите неделни уплати и врз основа на тоа ви одредува припадност во одредени лиги и ви доделува бонуси како пари и кешбек.

Избор на Игри во Wazamba Казино

Еден сајт не може да се најде на листата на најдобри онлајн казина во Македонија доколку нема одличен избор на игри. Wazamba Казино секако има добри резултати во овој поглед бидејќи нуди колекција која преминува 5,000 наслови.

Од она што го видовме, игрите се поделени во категории по различни критериуми. Па така, може да најдете слотови, грепки, џекпот наслови, казино во живо, игри на маса, инстант игри, Megaways игри итн.  

Овие наслови се производ на работењето на некои од светски познатите брендови како Pragmatic Play, Evolution, Spinomenal, Red Tiger, Wazdan и Relax Gaming. Сите провајдери достапни на Wazamba може да ги разгледате со притискање на копчето Провајдери. Од неговата лева страна е и полето за пребарување на игри според нивниот наслов.

Слот игри

Изобилство од слотови со висок квалитет ќе ве пречека во Wazamba казиното. Зборуваме за неколку илјади наслови од врвни софтвер провајдери. Покрај играње со пари, слотовите може да ги пробате како бесплатни игри откако ќе се регистрирате и најавите на сајтот.

Забележавме некои од најновите слот игри, но и некои од добропознатите наслови во оваа категорија. Во секој случај, се работи за забавни онлајн слотови со мноштво бонуси, возбудливи тематики и брз гејмплеј.

Доколку треба да истакнеме некои наслови кои вреди да се пробаат а се достапни на Wazamba, би ги избрале Sweet Bonanza Candyland, Spinanga, Bandidos Cash, It’s a Joker и The Dog House.

Игри на маса и останати игри

На десната страна од лентата над сликите од игрите ќе ја најдете категоријата игри на маса. Тука се присутни неколку десетини блекџек, бакара, покер и рулет наслови. Од останатите игри ќе најдете инстант игри, грепки итн.

Казино во живо

Преку 100 наслови се достапни во секцијата наречена казино во живо. Претежно се игри од Pragmatic Play Live и Evolution, но има и од други производители.

Wazamba казино во живо е местото каде што може да пробате блекџек, рулет, покер, шоу игри и други категории. Lucky 6 Roulette, Gold Saloon Blackjack, Baccarat Roba, и Lightning Lotto се само дел од насловите кои вреди да се пробаат.

Начини на Плаќање во Wazamba Казино

Уплаќањето средства и исплаќањето добивки во Wazamba Казино е едноставна работа неоптоварена со непотребан бирократија. Најбројни меѓу нив се криптовалутите, но има и солиден избор на електронски паричници како и банкарска картичка.

Уплата

Откако ќе се регистрирате, кликнете на плус знакот до симболот со пари кој се наоѓа точно под вашето профилно име (од десната страна). Тука ќе најдете 20 опции за депозит:

  • MasterCard
  • Skrill
  • Skrill 1-Tap
  • Payz
  • Neteller
  • Jeton
  • MiFinity
  • Tether (SOL, ERC20, TRC20)
  • Bitcoin
  • Litecoin
  • Ethereum
  • USD Coin
  • Binance Coin (BEP20)
  • Dogecoin
  • Solana
  • Shiba Inu
  • Tron

Минималната уплата за било која опција е 10 евра. Тоа е фер износ кој е прифатен како минимум во многу онлајн казина во Македонија. Од друга страна, највисокот износ зависи од начинот на уплата и се движи од 2,000 евра за MasterCard до 5,000 евра за останатите методи.

Секоја трансакција проаѓа инстантно и без провизии од страна на сајтот. Не заборавајте и дека ова казино ви нуди купување на криптовалути директно од платформата.

Исплата

Кога зборуваме за Wazamba Казино исплата, ќе ги најдете речиси истите начини како и во случајот на уплатата. Единствено недостига MasterCard како опција.

  • Skrill
  • Skrill 1-Tap
  • Payz
  • Neteller
  • Jeton
  • MiFinity
  • Tether (SOL, ERC20, TRC20)
  • Bitcoin
  • Litecoin
  • Ethereum
  • USD Coin
  • Binance Coin (BEP20)
  • Dogecoin
  • Solana
  • Shiba Inu
  • Tron

Интересно е тоа што добивате исти ограничувања за сите опции – може да повлечете меѓу 10 и 5,000 евра со една трансакција. Времето на чекање да се обработи барањето од страна на казиното е 1 до 3 дена.

Wazamba Казино Лиценци и Безбедност

Како и многу други онлајн казина, така и Wazamba Казино има лиценца од Курасао. Ова е типично за казината кои нудат криптовалути како начини на плаќање. Според бројноста, лиценцираните казина со ваква лиценца се можеби на прво место.

Безбедноста на играчите е еден од приоритетите на Wazamba казиното па затоа користи енкрипсиска технологија.

Корисничка Поддршка во Wazamba Казино

Многу е важно да добиете помош кога и да ви биде потребна. Wazamba казино нуди одлична корисничка поддршка за сите свои играчи. Кога и да ви треба асистенција, без оглед на периодот од денот, може да сметате на професионалните агенти кои се дел од овој тим. Во моментов, постојат два начини да ги контактирате:

  • Имејл (support@wazamba.com)
  • Разговор во живо

Наша препорака е да одите со разговор во живо бидејќи би требало да стапите во контакт после некоја минута. Имејлот е добра опција доколку треба да испраќате повеќе документи, но тука вообичаено ќе треба да почекате до 24 часови за одговор.

Wazamba Казино Регистрирање

Ова е едно од казината во кои и регистрацијата е забавна. Wazamba Казино ви нуди брзо регистрирање за кое ви се потребни две минути од вашето време. Еве како изгледа тој процес.

  1. Искористете линкот од рецензијава за да ја отворите Wazamba страницата.
  2. На десната страна притиснете го копчето Register.
  3. Одберете еден од тики хероите (вашиот избор не влијае на играчкото искуство).
  4. Одберете корисничко име и лозинка, прифатете ги условите и следете ги инструкциите. 
  5. Вашиот налог е подготвен!

Заклучок

Wazamba Казино внесува свежина на онлајн казино сцената пред сѐ со својот изглед. Ова наградувано казино ја оживува атмосферата на џунглата и ви дава да бирате тики херои при регистрацијата.

Дополнително, има одлични бонуси вклучувајќи ги го и екстра бонусот за добредојде за крипто корисници. Со, 5,000+ квалитетни игри може да бидете сигурни дека нема да ви биде досадно. Исто така сме задоволни и од изборот на начини на плаќање како и од ограничувањата.

Секако, во нашата Wazamba казино рецензија споменавме во кои делови овој сајт може да се подобри, но останува чувството дека пронајдовме уште еден сајт за македонските играчи кој вреди да се испроба.  

Земете 100% бонус за добредојде до 500 евра + 200 бесплатни спинови во Wazamba Казино
100% бонус до 500 евра за добредојде и 200 бесплатни спинови.
*Само за нови играчи
18+. Уплатете барем 20 евра  добијте 100% бонус за уплата до 500 евра. Дополнително добивате 200 бесплатни спинови.

Често Поставувани Прашања (ЧПП) за Wazamba Казино

Дали може да играм игри во живо во Wazamba Казино?

Постои посебен дел посветен на казино игри во живо во Wazamba Казино. Таму ќе најдете најразлични верзии на блекџек, покер, бакара, рулет, шоу игри итн. Овие наслови доаѓаат од признати софтвер провајдери.

Кое се обртните барања во Wazamba Казино?

За одговор треба да знаете за кој конкретен бонус станува збор. Генерално, обртните барања се 35 пати од бонус и депозит сумата. За бесплатни спинови тој е 40 пати од добивката.

Дали Wazamba Казино поддржува инстантно играње?

Како модерен казино сајт, Wazamba Казино поддржува инстант играње. Со други зборови, може да играте директно од веб прелистувачот на вашиот компјутер или мобилен уред – нема потреба од симнување дополнителен софтвер.

Дали е безбедно да се игра во Wazamba Казино?

Да, овој сајт поседува лиценца издадена од властите на Курасао. Исто така користи врвна енкрипциска технологија за да ги држи играчите безбедни.

<< 1 >>


Wazamba Казино
4.5/5
Floating Bar