Mozzart Казино
5.0/5

Mozzart Казино

Преглед на Mozzart Казино во Македонија. Дознајте повеќе за сите Mozzart бонуси, промоции и онлајн слотови. | OnlineCasinoMacedonia.com

СопственикMozzartbet Malta Ltd.
Година на основање2019
ЛиценцаMGA (Malta Gaming Authority)
Број на игри1,400+
Најдобри игриMozzart Bonanza, 40 Super Hot, Gates of Olympus, Aviator, Lolla’s World
Начини на плаќањеVisa, Visa Electron, Mastercard, Maestro, Neteller, Skrill, Trustly, банкарска трансакција, плаќање во физичка продавница
Време на повлекувањеОд 1 до 5 работни денови

Брендот Mozzart е присутен во Македонија преку обложувалници, слот клубови и казина повеќе од дваесет години. Овие места може да ги најдете во речиси сите градови вклучуваќји ги и Скопје, Тетово, Прилеп, Битола, Охрид и Штип.

Почнувајќи од 2019 година, македонските играчи можат да ги играат своите омилени казино игри и преку онлајн верзијата на Mozzart казино. 

Овој казино сајт располага со солиден број на игри поделени во неколку категории. На своите играчи од Македонија им нуди неколку бонуси и промоции вклучувајќи и бонус за добредојде. Секако, постојат повеќе од еден начин на уплата и исплата на средства на овој сајт.

Понатака, Моцарт Казино е место каде што може да очекувате професионална корисничка поддршка. Ова е лиценцирано онлајн казино кое обезбедува високо ниво на безбедност. Она што е особено важно за македонските играчи е дека сајтот е целосно преведен на македонски јазик, што е уште една потврда дека Моцарт се грижи за играчите од Македонија.

Доколку ви требаат повеќе информации ве покануваме да останаете со нашата детална и објективна Mozzart казино рецензија. Ќе ги разгледаме сите важни функции во ова казино кои ќе ви помогнат да одлучите дали да се регистрирате.

Предности
  • Превод на македонски јазик
  • Одличен бонус за добредојде
  • Мобилна апликација
  • Повеќе од 1,400 игри
Слабости
  • Релативно мал број на игри на маса
  • Ограничен број на начини за исплата

Mozzart Casino Бонуси и Промоции

Играчите од Македонија може да бидат задоволни од повеќето Моцарт казино бонуси. Овој сајт има специјална понуда за новите играчи, но и солидна понуда за постоечките корисници. Повеќе за овие бонуси и промоции во секциите подолу.

Бонус за добредојде

За разлика од многу други онлајн казина, овој бонус за добредојде во Mozzart Казино ви дава шанса истовремено да играте казино игри но и да си ја пробате среќата со спортско обложување.

Кога ќе се регистрирате и извршите првата уплата, ќе добиете:

  • 100% совпаѓачки слот бонус до 300 евра 
  • 100% совпаѓачки бонус за обложување до 100 евра
  • 100 бесплатни вртења кои може да ги искористите на Sweet Bonanza слотот

За да може да го искористите овој бонус, потребно е да уплатите барем 10 евра за прв пат како и да го внесете кодот BONUS400 во обележаното поле.

Mozzart казино бонусот, односно слот бонусот, може да се користи само на слот игри. Доаѓа со обртно барање од 35 пати помножено со сумата од бонусот. Значи доколку сте добиле 100 евра бонус, тогаш треба да обложите 3,500 евра пред да добиете можност да ја повлечете добивката.

Бонусот за спортско обложување доаѓа со обртно барање од 4 пати (коефициентот за секој облог мора да биде барем 1.35 и да имате минимум 4 облози).

За повеќе информации не заборавајте да ги прочитате условите и правилата поврзани со бонусите.

Бонус за постоечки играчи

Mozzart казино е познато меѓу македонските играчи како платформа која нуди атрактивни бонуси и за постоечките корисници. 

Па така, на пример, не е необично да најдете понудата за повторен депозит која се доделува секој петок. Овој т.н. Петочен бонус ви ветува 50% од повторната уплата до 150 евра во бонус пари плус 50 спинови на Mozzart Bonanza слотот. Најмалата уплата која може да ја извршите е 10 евра. Исто така треба да го внесете кодот RELOAD.

Постои и Вторничен бонус со бесплатни спинови. Имено, за секоја уплата од барем 10 евра во вторник (бонус код: SWEET) добивате 50 бесплатни вртења на Sweet Bonanza слотот.

Единствено нешто во овој дел кое можеби недостига е ВИП програма која ќе биде отворена за сите играчи. Во овој момент, ВИП програмата функционира само со покана.

Избор на Игри во Моцарт Казино

Играчите од Македонија можат да очекуваат преку 1,400 игри во Моцарт Казино. Ова е сосема солидна бројка иако во денешно време постојат казино сајтови кои имаат и по неколку илјади наслови во својата понуда.

Слотови, видео покер, игри на маса, игри со уривање и игри во живо е она што може да го очекувате во Mozzart Casino. Тука ќе најдете наслови од десет одлични софтвер провајдери вклучувајќи ги и Pragmatic Play, Playson и Amusnet Interactive. Нови игри се додаваат постојано. Овие наслови може да ги најдете во засебна секција на сајтот.

Слот игри

Очекувано, слотовите се најбројните игри во Mozzart Казино со преку 1,300 наслови. Сајтот ги дели во две групи видео слотови и слотови. Од тоа што го видовме, вторите се класични игри. 

Како и да е, слотовите во Mozzart доаѓаат со најразлични приказни и теми од овошје и празници до античка митологија и животни. Повеќето имаат одлични бонуси како бесплатни вртења, повторни вртења, мини игри и така натака. Некои од нив, како оние од Amusnet Interactive имаат и прогресивни џекпоти кои ветуваат милионски добивки.

Frog Story, 20 Burning Hot, 40 Super Hot и Frog Story се некои од најиграните слотови во Mozzart Казино.

Игри на маса и останати игри

Моцарт онлајн казиното нуди и повеќе од 15 игри на маса, за љубителите на изворните казино игри. Тука ќе најдете неколку верзии рулет, блекџек, бакара и сик бо. Од останатите игри може да пробате видео покер, игри со коцка, како и популарната игра со уривање Aviator. 

Казино во живо

Со повеќе од 80 наслови, може да се каже дека Mozzart Казино им нуди солидна забава на играчите од Македонија кои преферираат игри во живо. Во делот наречен Казино во Живо на оваа платформа ќе најдете разновидни игри како шоу игри, блекџек, рулет и бакара.

Се што ви е потребно за да уживате во овие наслови е стабилна интернет врска. Како што можевме да забележиме, во овој момент, сите казино игри во живо доаѓаат од Pragmatic Play. Овој бренд е познат по тоа што организира игри со атрактивни и професионални крупиеи.

Уплата

Вашата Mozzart Казино уплата може да се изврши на неколку начини:

  • Дебитна и кредитна картичка (Visa, Visa Electron, Mastercard, Maestro, Skrill)
  • Skrill
  • Neteller
  • Trustly

Вашите уплати се обработуваат веднаш и без провизија. Минималната сума која може да ја уплатите е 10 евра.

Исплата

Она на што Mozzart Casino може да поработи во иднина е начинот на исплата. Во моментов постојат два начини да ја повлечете вашата добивка. 

Првиот е со посетување на една од нивните физички обложувалници или казина и приложување доказ од вашиот кориснички налог. 

Втората е со повлекување на банкарска сметка. Овие трансакции доаѓаат без провизии, но во случајот со транскации на банкарска сметка ќе треба да чекате два до пет работни денови за да се обработи барањето.

Mozzart Казино Лиценци и Безбедност

Mozzart Казино поседува лиценца издадена од страна на Malta Gaming Authority (MGA). Ова тело со кое раководи владата во Малта е светски признат авторитет кој ги има лиценцирано некои од најдобрите казина во светот.

Покрај лиценцата, Mozzart казиното користи и SSL енкрипција за да ги заштити поддатоците кои се споделуваат на сајтот како на пример чувствителните податоци поврзани со вашите финансии. Секако, вреди да потсетиме дека платформата гарантира безбедност и со тоа што соработува само со легални софтвер провајдери.

Корисничка Поддршка во Моцарт Казино

Доколку се најдете во ситуација во која ви е потребна помош, Моцарт Казино може да ви помогне на неколку начини. Прво, ви предлагаме да ја посетите секцијата Помош каде ќе најдете многу корисни информации. Имајте предвид дека овој дел е достапен само на англиски јазик.

Ако ви е потребна помош од некој од нивните агенти за корисничка помош, тогаш имате две опции:

Двете опции ви се достапни 24 часа на ден, 7 денови во неделата. Секако разговорот во живо преку текстуални пораки на самата платформа е најбрз начин да стапите во контакт. Сепак, сакаме да истакнеме дека во моментов корисничката помош може да ви биде пружена само на англиски и српски јазик.

Mozzart Казино Регистрирање

Добрата вест е дека Mozzart Казино ви овозможува лесно и брзо регистрирање и отварање на кориснички налог. Процедурата вклучува неколку чекори:

  1. Кликнете на линкот од нашата платформа за да ја посетите официјалната Mozzart казино страница.
  2. Стиснете на “Регистраj се” во горниот десен агол.
  3. Следете ги инструкциите на екранот (внесете име, презиме, изберете лозинка, прифатете ги условите итн.).
  4. Уплатете средства на вашата казино сметка и играјте!

Не заборавајте дека користењето на Mozzart бонус за добредојде опцијата не е задолжително, но е препорачливо.

Заклучок

Mozzart е добропознат бренд во Македонија кој од 2019-та година стана достапен за македонските играчи и во вид на онлајн казино. На располагање на сите регистрирани корисници им стојат повеќе од 1,000 игри и многубројни промоции за нови и посточеки играчи.

Сајтот има добар дизајн а на мобилните играчи им нуди и Mozzart апликација. Тоа што би сакале да видиме во иднина се повеќе игри кои не припаѓаат на категоријата слотови како и повеќе начини на исплата.

Сепак, со оглед на предностите кои ги нуди ова казино, не нѐ чуди тоа што Mozzart mk е еден од најбараните поими на интернет меѓу казино играчите во Македонија. 

Земете 100% бонус за добредојде до 400 евра + 100 бесплатни спинови во Mozzart Казино
100% бонус до 400 евра за добредојде и 100 бесплатни спинови.
*Само за нови играчи
18+. Уплатете барем 10 евра  добијте 100% бонус за уплата до 400 евра. Дополнително добивате 100 бесплатни спинови.

Често Поставувани Прашања (ЧПП) за Mozzart Казино

Дали постои Mozzart мобилно казино?

Да, Mozzart Казино е достапно и на играчите кои користат таблети и смартфони. Тие може да пристапат на сајтот преку мобилен веб прелистувач или преку апликацијата за iOS или Android уреди.

Дали може да играм игри во живо во Mozzart Казино?

Постои посебен дел наречен “Казино во живо” на сајтот на Mozzart Казино. Тука ќе најдете повеќе од 80 игри како на пример различни варијанти на блекџек и рулет. Повеќето игри се од познатиот провајдер Pragmatic Play.

Кои начини на уплаќање се достапни во Mozzart Казино?

Играчите од Македонија може да уплатат на неколку начини вклучувајќи користење на електронски паричници, кредитни/дебитни картички како и онлајн банкарство. Конкретно, достапни се следниве опции: Visa, Mastercard, Trustly, Skrill и Neteller.

Дали Mozzart казиното е безбедно?

Со оглед на тоа дека се работи за платформа која се потпира на SSL енкрипција за заштита на податоците, би рекле дека Mozzart казиното е безбедно. Дополнително, се работи за лиценциран сајт за коцкање.

<< 1 >>


Mozzart Казино
5.0/5
Floating Bar