0x.bet Казино
4.8/5

0x.bet Казино

0x.bet Казино е достапно за македонските играчи од 2022 година и изобилува со голем избор на слот наслови но и останати игри. Фокусирано е на крипотовалути ноги нуди и стандардните начини на уплата и исплата.

СопственикCasbit Group N.V.
Година на основање2022
ЛиценцаКурасао
Број на игри5,000+
Најдобри игриNFT Aviatrix, Dead Canary, Cluster Tumble, Elvis Frog in Vegas, Gonzo’s Quest Megaways
Начини на плаќањеBinance Pay, Google Pay, MasterCard, VISA, Cardano, Bitcoin Cash, Binance Coin, Bitcoin SV, Bitcoin, Dogecoin, Ethereum, Litecoin, Neo, Tron, Tether, Ripple
Време на повлекувањеДо 24 часа

По се изгледа дека резултатот во една равенка каде нула ја множите со било кој број не е секогаш нула. 0x.bet Казино е релативно ново казино кое им стана достапно на македонските играчи во 2022 година.

Тоа што е ново, не значи дека треба допрва да се снајде на пазарот. Напротив, сопственикот на ова казино Casbit Group N.V. веќе поседува неколку други сајтови за коцкање кои работат одлично.

0x.bet е лиценцирано казино кое користи модерна технологија за да ги заштити своите играчи. Фокусирано е на криптовалути, но играчите кои сакаат да користат стандардни методи на плаќање се добредојдени. На техничката страна уште вреди да спомнеме дека сајтот обезбедува ефикасна и пријателски расположена корисничка поддршка.

Неколку илјади игри во најразлични категории се тука за да ги забавуваат играчите со денови. Дополнително, 0x.bet Казино ќе ви го задржи вниманието со многу бонуси и промоции меѓу кои ќе најдете и неколку прилично иновативни.

Откако ја изгребавме површината на понудата на овој казино сајт, време е да ја претставиме нашата детална 0x.bet казино рецензија.

Предности
  • Солиден избор на џекпот игри
  • Наградни мисии
  • Повеќе од 5,000 игри
  • 10+ криптовалути за уплата и исплата
Слабости
  • Нема банкарски трансфер
  • Нема ЧПП секција

0x.bet Casino Бонуси и Промоции

Споредено со многу други казина, 0x.bet Казино се потрудило да донесе свежина во понудата. Секако, може да ги очекувате бонусите за новорегистрирани играчи и за постојни играчи на кои сте навикнати, но има и дополнувања.

Исто така може да кажеме дека сме задоволни и од условите и правилата поврзани со промоциите во ова казино.

Бонус за добредојде

За да се осигурате дека првиот депозит што ќе го направите овде нема да се помножи со нула, искористете го 0x.bet Казино бонусот за добредојде. Со негова помош може да да добиете до 1,000 евра и 300 бесплатни вртења. Да не заборавиме да споменеме дека ова е пакет кој ги покрива првите трип уплати:

  • 75% совпаѓачки бонус на првиот депозит до 200 евра и 100 бесплатни спинови
  • 50% совпаѓачки бонус на вториот депозит до 300 евра и 100 бесплатни спинови
  • 75% совпаѓачки бонус на третиот депозит до 500 евра и 100 бесплатни спинови

Бесплатните вртења се за слотовите Elvis Frog in Vegas, Aztec Clusters и Aztec Magic Bonanza.

Сите добивки од бесплатните спинови се ограничени на 100 евра. Значи вкупно може да освоите 300 евра од бесплатните вртења. Што се однесува до останатите ограничувања минималната уплата за да добиете бонус е 25 евра, сума која е малку повисока во споредба со други вакви бонуси понудени во останатите казина. Дополнително, има обртни барања од 40x кои ја вклучуваат само бонус сумата. Значи треба да го обложите бонусот 40 пати за да може да го повлечете добиеното. За бесплатните спинови, ова значи обложување 40 пати на добивката.

Бонус за постоечки играчи

Делот од бонус понудата кој го нарековме иновативен се однесува на бонусите за постоечки играчи. 0x.bet онлајн казино не ви нуди стандардни бонуси за повторна уплата. Сепак, тука ќе најдете многу мрежни промоции од провајдери како Pragmatic Play и Spinomenal.

Добро е тоа што 0x.bet има и VIP програма. Со помош на оваа програма добивате кешбек кој се зголемува како што напредувате. Од друга страна, за да напредувате потребно е да се обложувате почесто. Дополнително, програмата нуди бонуси во пари, бесплатни спинови, зголемени ограничувања за повлекување на пари, специјални понуди, пристап до ексклузивни турнири итн.

Најинтересниот дел од промоциите се секако мисиите и мини игрите. Имено, 0x.bet Казино ви нуди пристап до дневни вртења на тркалото на среќата, забавни мини игри кои ви даваат поени како и извршување на едноставни мисии кои ви носат поени/парички кои може да ги размените во продавницата на самиот сајт.

Избор на Игри во 0x.bet Казино

Секогаш е добро кога казиното кое сте го избрале нуди повеќе категории на игри со стотици наслови. Токму такво е 0x.bet Казино во кое ќе најдете 5,000+ наслови. Кога ќе притиснете на категории, ќе ви се прикажат повеќе од 20 категории како слотови, карти, инстант игри, казино во живо, бакара, видео покер, па дури и маџонг.

Преку 80 лиценцирани и сертифицирани провајдери се здружени со 0x.bet казино сајтот. Меѓу нив се и Evolution, CT Interactive, Hacksaw Gaming, KA Gaming, Wazdan, Pragmatic Play и Endorphina.  

Покрај пребарувањето според името на играта, провајдерот и таг за категорија, може да ги распоредите игрите и според неодамна додадени и според нивната популарност.

Слот игри

Со повеќе од 5,000 наслови, слотовите го имаат главниот збор во понудата на 0x.bet Казино. За жал, тие не се подредени според нивните теми или механика, па така ќе мора рачно да ги разгледувате сликичките пред да одберете една од нив.

Интересно, забележавме и три ексклузивни слотови направени за ова казино – Book of Xmas, 0xBet Wild Cash и 0xBet Win. Тематиките секако варираат – од дивиот запад и мафија до животни и спорт.

Како и секогаш може да очекувате забавни бонуси како бесплатни вртења, мултипликатори, промена на играчките панели, мини игри и друго. Ако треба да издвоиме некои слот игри кои ни се допаднаа, тоа би биле Sugar Monster, Gonzo’s Quest, Money Train 4, Wolf Power и Chaos Crew 2.

За регистрираните играчи, 0x.bet Казино истите наслови ги нуди во форма на бесплатни игри. Некои од нив може да ги најдете и на нашиот сајт во секцијата посветена на слотови.

Игри на маса и останати игри

На казино сајтот 0x.bet ќе најдете и категорија игри на маса, но и одвоени категории за најпознатите игри кои припаѓаат на оваа категорија. Како и да е, главното што треба да се запамти е дека имате десетици одлични варијатни на бакара, рулет, покер, блекџек и игри со коцки.

Меѓу најуспешните се Blackjack VIP, American Blackjack, European Roulette, Pirate 21 и Premium Baccarat. Останати игри кои вредат да се споменат се маџонг, видео покер, игрите со урнување како и бинго.

Казино во живо

На платформата ќе најдете и 0x.bet казино во живо. Користете ја колоната од левата страна за да ја отворите оваа категорија со неверојтано голем број на игри. Ezugi, Playtech, Evolution и Pragmatic Play Live се некои од брендовите кои се присутни со свои игри и дилери во оваа категорија.

Сите важни категории на игри во живо се присутни на сајтот вклучувајќи ја и одличната колекција на шоу игри како Monopoly, Cash or Crash, The Money Drop и Crazy Coin Flip. Секоја игра доаѓа со професионални и пријатни водители и водителки. Повеќето од нив нудат разговор во живо.

Начини на Плаќање во 0x.bet Казино

За волја на вистината, сме виделе онлајн казина во Македонија со повеќе начини на плаќање. Сепак, не можеме да се пожалиме од изборот кој играчите го добиваат во 0x.bet Казино бидејќи повеќето главни начини се достапни.

Дополнително, не треба да се грижите за скриени провизии и долго чекање за обработка на уплатите или исплатите.

Уплата

Банкарски картички, критовалути и опција за директно купување на криптовалути преку платформата се опциите кои ви стојат на располагање кога станува збор за 0x.bet казино уплати.

  • Binance Pay
  • VISA
  • MasterCard
  • Cardano
  • Bitcoin Cash
  • Binance Coin
  • Bitcoin SV
  • Bitcoin
  • Dogecoin
  • Ethereum
  • Litecoin
  • Neo
  • Tron
  • Tether
  • Ripple

Играчите од Македонија имаат право да користат депозит од барем 20 евра. Највисоката сума на уплата е 5,000 евра во една трансакција. На дневно ниво може да се уплатат до 10,000 евра.

Уплатите не се обременти со провизии или чекање.

Исплата

Добро е тоа што парите од 0x.bet Казино може да ги повлечете со користење на истите методи. Запомнете дека мора да го одберете истиот начин на повлекување како оној кој сте го избрале за уплата.

За да ја започнете процедурата за повлекување, потребно е да имате добивки вредни барем 40 евра. Максималната сума за повлекување е лимитирана на 5,000 евра дневно, 10,000 евра неделно и 30,000 евра месечно.

Секое барање за повлекување се обработува во рок од 24 часа. Во исклучителни случаи тоа може да трае до 48 часа (кога е потребна дополнителна верификација).

0x.bet Казино Лиценци и Безбедност

0x.bet Казино работи со лиценца издадена од Курасао. Со други зборови, ќе играте во лиценцирано и законски покриено казино.

Дополнително, енкрипцијата е главната алатка која сајтот ја користи за заштита. Со помош на SSL технологијата, финансиските трансакции на играчите се обезбедни од надворешни влијанија.

Корисничка Поддршка во 0x.bet Казино

Иако ќе најдете информации за функционирањето на 0x.bet Казино на различни места на платформата, факт е дека нема одвоена страница за Често Поставувани Прашања (ЧПП) или пак т.н. центар за помош. Но, тоа не значи дека сте оставени сами на себе доколку имате проблем.

Напротив, тука ќе најдете две опции за контактирање на претстваниците на овој сајт:

  • Е-пошта (support@0x.bet)
  • Разговор во живо

Искусните казино играчи знаат дека разговорот во живо е првата опција која треба да се проба бидејќи е позгодна и побрза. Исто како и поддршката преку е-пошта, разговорот во живо е достапен во било кој период од денот.

0x.bet Казино Регистрирање

Момците од 0x.bet Казино дале сѐ од себе да го поедностават процесот на регистрација. Еве како изгледа текот на регистрацијата во ова казино:

  1. Следете го овој ЛИНК за да го посетите 0x.bet Казино.
  2. Притиснете го пурпурното Sign Up копче.
  3. Внесете ја вашата e-пошта и одберете лозинка, пред да прифатите условите и правилата.
  4. Уплатете со една од понудените опции и изберете игра.

Заклучок

Да ја приведеме кон крај оваа 0x.bet казино рецензија со изведување заклучок. 0x.bet Казино им нуди одлична забава на македонските играчи пред сѐ во поглед на игрите. Има преку 5,000 забавни игри од врвни провајдери, а колекцијата расте речиси секојдневно.

Бонусите исто така се силен адут на ова интересно казино. Има бонус за добредојде, многу турнири, но и интересни мисии и ВИП програма со одлични награди. Сите овие понуди имаат фер барања кон играчите.

0x.bet е лиценцирано казино кое користи современи безбедносни мерки. Бројот на начини на плаќања би можел да биде поголем (не видовме банкарски трансфер на пример), но исплатите се брзи, сигурни и без скриени трошоци.

Може да заклучиме дека 0x.bet онлајн казино е одлична платформа за коцкање која има потенцијал да биде меѓу првите 5 најдобри онлајн казина во Македонија.

Земете бонус за добредојде до 1,000 евра + 300 бесплатни спинови во 0x.bet Казино
Совпаѓачки бонус за довредојде до 1,000 евра и 300 бесплатни спинови.
*Само за нови играчи
Само за нови играчи над 18 години! Бонус за добредојде на првите три уплати до 1,000 евра. Дополнително, добивате до 300 бесплатни спинови на првите три депозити. Минимална уплата од 20 евра.

Често Поставувани Прашања (ЧПП) за 0x.bet Казино

Кога можам да побарам корисничка поддршка на 0x.bet Казино?

Корисничката поддршка преку е-пошта и разговор во живо е достапна 24 часа во денот, 365 денови во годината. Професионалните агенти за поддршка на 0x.bet Казино би требало да ви одговорат на прашањата после само неколку минути.

Дали 0x.bet Казино нуди бонуси?

Да, играчите од Македонија можат да искористат различни бонуси во 0x.bet Казино. Покрај бонус за добредојде, овде ќе најдете и наградни турнири, VIP програма, мисии и мини игри.

Дали можам да користам криптовалути во 0x.bet Казино?

0x.bet Казино е првенствено крипто казино иако прифаќа и традиционални начини на плаќање. Македонските казино играчи може да користат преку 10 криптовалути за уплата и исплата.

Дали можам да играм џекпот игри во 0x.bet Казино?

Да, постојат многу игри во 0x.bet Казино кои нудат прогресивни или фиксни џекпоти. Овие наслови ќе ги најдете во одделната Џекпот категорија на главната страница.

<< 1 >>


5.0
Начин на Исплата
5.0
Игри и Софтвер
5.0
Бонуси и Промоции
4.0
Корисничка Поддршка
4.8 Рејтинг
0x.bet Казино
4.8/5
Floating Bar