Дозволете му на нордискиот бог Тор да ве одведе на скриено место преполно со скапоцени камења. Пред вас се наоѓа Gemhalla слот играта која очигледно се обидува да асоцира на митското место Валхала.
Од BGaming пристигнува наслов со визуелни елементи кои лесно се памтат – анимиран Тор со својот прочуен чекан во раката до дрвен играчки панел пополнет со светкави икони. Овој пат, во позадината ќе видите шума и поларна светлина (аурора бореалис). Тука се и епската музика и звуци кои ја подигаат возбудата до максимални граници.
Во Gemhalla slot ќе најдете 6 колони и 5 редови. Играта користи механика на Scatter исплати, односно ветува награди за комбинации од 8 или повеќе исплатни симболи било каде на матрицата. Постојат 9 основни исплатни симболи: пет скапоцени камења во различни бои со различни руни, секира, рог, кригла со пиво и викиншки шлем.
Четирите штитови (дрвениот, зелениот, виолетовиот и оној со линии) се мултипликаторски симболи. Тие носат случајно избран мултипликатор од x2 до x500. Секоја боја/шара на штитот има свој опсег на вредности. Како и да е, доколку има повеќе од еден ваков симбол на колоните, нивните вредности се собираат и применуваат на добивката во регуларниот дел од играта, а за време на бесплатните спинови и се акумулираат односно пренесуваат во следните спинови.
Кога сме кај бесплатните спинови во Gemhalla слот играта, да спомнеме дека ви се потребни барем четири Scatter симболи (во вид на викиншки бродови) на матрицата за да започнете рунда со 15 спинови.
Во оваа игра исто така може да платите 100 пати од вашиот сегашен облог за да активирате бесплатни спинови веднаш. Со плаќање 25% повеќе од моменталниот облог двојно ги зголемувате можностите за такво нешто.
Провајдер | BGaming |
RTP | 97.17% |
Исплатни линии | Механика на Scatter исплати |
Максимална добивка | 5,000x |
Објавен | Јуни, 2023 |