Слотовите се неприкосновени владетели на онлајн казината. Тоа се најпопуларните наслови на секој казино сајт. Сепак, постојат и други игри кои вреди да се пробаат. Во делот со останати игри на нашата платформа, добивате можност да пробате нешто ново и тоа бесплатно. Некои од овие бесплатни казино игри се класици додека пак другите се појавија само пред неколку години.

Во овој дел ќе се осврнеме на некои од најпопуларните казино игри кои не спаѓаат во категоријата слотови.

Блекџек

Блекџек е класична игра со карти во која играчите треба да го победат крупието. Тоа треба да го направат со вредност на раката која е поблиску до 21 (или точно 21) без да преминат преку оваа вредност. На секој играч му се доделуваат две карти и може да изберете “hit” (да добие уште една карта) или “stand” (да ја задржи постоечката рака). Иако е игра на среќа, користењето на стратегија и вештини во носењето одлуки може да му даде значителна предност на играчот.

Рулет

Рулетот е уште една популарна казино игра која им е добро позната на македонските играчи. Таа вклучува тркало кое се врти на кое се наоѓаат полиња обележани со броеви, како и мало топче. Играчите ставаат облози и предвидуваат каде топчето ќе застане – на конкретен број, боја или група броеви. Ова е чиста игра на среќа која ветува многу возбуда. 

Покер

Покер е една од казино игрите кои бараат знаење и носење стратешки одлуки. Оваа игра со карти е достапна во повеќе варијанти, а Текас Холдем е една од најпопуларните. Играчите се обидуваат да добијат најдобра рака или блефираат за да ги натераат противници да се повлечат. Вештините, психологијата и одличното разбирање на играта се клучни во оваа игра каде играчите се обложуваат, ги зголемуваат своите облози или се откажуваат во обид да ја добијат партијата.

Видео Покер

Оние кои имале видео покер искуство може да потврдат дека се работи за игра која претставува спој на традиционален покер и слот машини. Ви се дели рака со пет карти и ви се дава можност да изберете кои карти ќе ги задржите а кои ќе ги отфрлите со надеж дека ќе добиете подобри. Главната цел е да се добие добитна рака, а исплатите се засноваат на јачината на вашата конечна рака. Во видео покер игрите не играте против други играчи или против крупието.

Crash Games (Игри со уривање)

Ова е еден од најновите видови на казино игри кои земаат замав и во Македонија. Crash games односно игри со уривање се наслови во кои се обложувате на мултипликатор кој се зголемува многу брзо, но може да се урне во било кој момент. Ваше е да искеширате пред мултипликаторот да се урне за да обезбедите добивка. Ова е мошне едноставна игра во која одредувањето на вистинскиот момент кога да се повлечете е клучен за успех. 

Казино игри во живо

Играњето на казино игри во живо ќе ви помогне да ја почувствувате атмосферата на традиционалните казина со помош на преноси во живо директно на екранот од вашиот уред. Казино игрите во живо ви даваат можност за интеракција со вистински крупиеи и останатите присутни играчи преку текстуален разговор во живо. Оваа категорија на казино игри опфаќа игри на маса (блекџек, бакара, рулет итн.) како и т.н. шоу игри (тркало на среќата, монопол итн.).

Floating Bar