Онлајн слотовите се најпопуларните казино игри во Македонија. Брзината и едноставноста на играњето како и интересните теми и изглед на овие игри се некои од причините зошто бесплатните слотови го привлекуваат вниманието на македонските играчи. На оваа страница ќе ги најдете најдобрите како и најновите казино игри во оваа категорија.

Што се тоа бесплатни слотови?

Едноставно кажано, бесплатните слотови се демо верзии на слот игрите кои се достапни во онлајн казината. Се работи за игри на среќа каде целта е да добиете низа од 3 или повеќе исти симболи на една добитна линија прикажани на 3 или повеќе последователни колони.

Секако примерот кој го дадовме може да се разликува бидејќи во денешно време постојат слот игри со нестандардни механики и играчки панели. Сепак, сите слот наслови имаат барем една заедничка работа а тоа е фактот дека се што бараат од играчите е притискање на копчето за играње за да започнат една рунда во играта.

Бесплатни слотови или слотови со вистински пари?

Доколку сте заинтересирани да играте слотови на интернет, во одреден момент од вашето истражување ќе се најдете пред дилемата дали да играте бесплатни слотови или слотови со вистински пари.

Ние, тимот на OnlineCasinoMacedonia, ве потсетуваме дека овие две опции на се исклучуваат меѓусебно. Имено, многумина најпрво играат демо верзии без да користат вистински пари, а потоа се решаваат да вложат пари во истите наслови.

Бесплатните слотови се одлична опција да дознаете како функционира една слот игра (иако повеќето работат слично) без да ризикувате ваши средства. Ова е исто така и можност да тестирате некои ваши стратегии и тактики. 

Од друга страна, доколку сакате добивки во вистински пари, тогаш мора и да вложите вистински пари. Тука на сцена стапуваат слотовите со вистински пари.

На нашиот сајт ќе најдете демо верзии од многу популарни и нови слотови. На истите страници каде даваме описи и слот рецензии за секој наслов поединечно ќе најдете и препорачано онлајн казино каде може да ја играте таа слот игра со вистински пари. 

Поими поврзани со слот игрите

Еден од најдобрите начини да ја разберете суштината на слот игрите е преку запознавање со поимите поврзани со нив. Да напоменеме дека терминологијата се преведува од англиски јазик, но за некои од поимите е тешко да се најде соодветен превод на македонски. 

  • RTP/ПНИ – RTP (Return to Player), односно ПНИ (Поврат на Играч), означува теоретска вредност која софтвер провајдерите ја добиваат по милиони тест вртења. Таа се изразува во проценти и најчесто изнесува меѓу 95% и 96%. 

Во последно време, софтвер провајдерите имаат тенденција да објавуваат игри кои одат над 96%. Процентот означува колку од вложеното играчите можат да очекуваат назад после една долга сесија со многу спинови. Па така, ако ПНИ-то е 96% тогаш на вложени 1,000 денари може да се очекува поврат од 960 денари во теорија. Секако, некои играчи ќе имаат салдо над таа сума, а некои под таа сума.

  • Волатилност – Волатилноста е уште една теоретска вредност поврзана со слотовите. Таа се дели на ниска, средна и висока. Ниската волатилност значи дека слотот почесто доделува добивки, но тие добивки најчесто се од мала вредност. Од друга страна, слотовите со висока волатилност нудат високи добивки кои се појавуваат поретко. Секако, средната волатилност на слотовите значи дека играта бара баланс меѓу двете претходно споменати вредности.
  • Играчки панел – Мрежата од колони и редови кои ја гледате на главниот екран од играта претставува играчки панел. Тоа е местото каде се одвива главната акција во секој слот.
  • Колони – Колоните, кои во слотовите на англиски јазик се означени како reels, се вертикални подвижни линии исполнети со симболи. Најчесто, модерните слотови имаат 5 колони, но има и такви со 3, 6 и друг број на колони.
  • Редови – Редовите, односно rows на англиски јазик, се хоризонталните линии кои ги пресекуваат колоните. Слотовите со 3 редови се најбројни, но и оние со 1, 4 и 5 редови не се ретки.
  • Исплатни линии – Исплатни линии, или paylines, се линии на колоните каде специфичните симболи мора да се подредат за играчот да ја добие рундата. Во повеќето бесплатни слотови, на табелата со добивки може да најдете визуелизација на сите можни исплатни линии. 5, 10, 15, 20 и 25 се најчестиот број на исплатни линии во модерните слотови. Некои од нив доаѓаат со фиксен број додека други нудат прилагодување.
  • Добитни правци – Покрај исплатните линии, постојат и добитни правци. Некои игри користат ваква механика наместо традиционални исплатни линии. Овие “winning ways” или “ways to win” овозможуваат добивки кога играчите имаат идентични симболи позиционирани во било кој ред, се додека се наоѓаат на последователни колони. Најмногу од нив нудат 243 добитни правци, додека други имаат 720, 1024 па и повеќе.
  • Заменски (Wild) симбол – Заменски симбол според нас е најсоодветен превод на wild симбол. Се работи за симбол со специјални функции кои му овозможуваат да замени било кој обичен симбол доколку може да му помогне на играчот да исполни добитна комбинација.
  • Скатер (Scatter) симбол – Скатер односно Scatter симболот е уште еден специјален симбол. За да остварите добивка со негова помош, комбинацијата на симболи не мора да е на одредена исплатна линија. Поточно, скатер симболот може да се наоѓа било каде на играчкиот панел. Добивките од комбинациите со скатер симболите обично носат бесплатни спинови и пари.
  • Бесплатни спинови – Еден од најпопуларните бонуси во слотовите се рундите со бесплатни спинови. Како што може да претпоставите, со нивна помош добивате вртења (5, 10, 20 или повеќе) без да плаќате или користите кредити.
  • Ре-спинови – Слични се со бесплатните спинови, но вообичаено добивате само 3 спинови. Тука исто така најчесто има симболи кои носат одредени вредности и се задржуваат на играчкиот панел додека трае бонусот. Појавувањето на нови симболи го ресетира бројот на ре-спинови. На крај, вие ги добивате сите вредности прикажану на екранот.
  • Мултипликатор – Постојат и симболи кои можат да ја умножат вашата добивка за 2, 3 или повеќе пати. Понекогаш овие мултипликатори не доаѓаат во вид на симбол туку како посебна вредност надвор од играчкиот панел. 
  • Мини-игри – Некои слотови нудат и т.н. мини-игри. Се работи за бонус игри кои доаѓаат во различни форми иако повеќето од нив бараат интеракција од играчите. На пример, треба да изберете еден или неколку предмети на екранот за да видите дали и/или колкава добивка може да очекувате. Постојат и мини-игри во вид на тркало на среќата кои доделуваат бесплатни спинови, инстант добивки или мултипликатори.
  • Прогресивен џекпот – Слот игрите кои нудат џекпоти кои постојано растат се нарекуваат слотови со прогресивен џекпот. Дел од вредноста на секој облог оди во прогресивниот џекпот и прави тој постојано да расте додека некој од играчите не го добие. Кога тоа ќе се случи, вредноста на џекпотот се враќа на долната загарантирана сума и повторно почнува да расте.

OnlineCasinoMacedonia – Најдоброто место за играње бесплатни слотови

Доколку сакате да играте бесплатни слотови или пак барате препорака за најдобрите онлајн казина каде може да ги играте тие наслови со вистински пари, вие се наоѓате на вистинското место.

OnlineCasinoMacedonia ви нуди рецензии и демо верзии од најактуелните онлајн слотови. Нашата листа со слотови постојано се зголемува, па затоа ви препорачуваме редовно да ја посетувате страницата посветена на најпопуларните казино игри во Македонија.

Често Поставувани Прашања (ЧПП) за Слотови

Дали онлајн слотовите исплаќаат вистински пари?

Било кој онлајн слот на кој играчите користат вистински пари исплаќа награди во вид на вистински парични средства. Ние нудиме да пробате бесплатни слотови пред да започнете да играте со вистински пари.

Како да играм слотови онлајн?

Онлајн слотовите се едни од најпопуларните казино игри поради едноставното играње кое го овозможуваат. Одете во некое од онлајн казината кои ги препорачуваме, регистрирајте се, извршете уплата, одберете игра, направете облог и притиснете го копчето за играње.

Дали слот игрите се наместени?

Не можеме да одговориме за сите слот игри, но најдобрите онлајн слотови не се наместени. Тие користат квалитетен софтвер кој гарантира случајни резултати. Софтверот и игрите се регулирани и тестирани од соодветни независни тела.

Дали можам да играм слотови на мојот мобилен уред?

Да, речиси секој модерен онлајн слот, а и повеќето од постарите наслови, се оптимизирани за играње на мобилни уреди. Играњето на паметен телефон или таблет ќе ви обезбеди исто искуство како и играњето на компјутер.

Кој онлајн слот е најисплатлив?

Никој не може да одговори на ова прашање со оглед на тоа што слотовите се игри на среќа. За да добиете барем некаква претстава за тоа какви ви се шансите за добивка, прочитајте повеќе за RTP-то и волатилноста на слотот за кој сте заинтересирани.

<< 1 >>


Floating Bar