Дали сте спремни да се приклучите на некое онлајн казино и да започнете да играте? Доколку одговорот на ова прашање е потврден, наше е да ве потсетиме да не ги пропуштите најдобрите онлајн казино бонуси!
Речиси секој казино сајт има барем еден бонус во својата понуда. Сепак, не сите понуди се исти. Некои од нив се далеку подобри од другите. Има и такви кои се едноставно создадени за да ве намамат да се приклучите на казиното без да имате реална можност да повлечете некаква добивка. Па како да дознаете кои бонуси за македонски играчи се добри, а кои не? Одговорот ќе го најдете подолу.
Работи на кои треба да внимавате пред да искористите казино бонус
Ако отворите било кој казино сајт достапен во Македонија, речиси сигурно ќе видите реклами во стилот – 100% бонус до 18,000 денари. Некои нудат и повеќе, а некои помалку. Секако, првата работа што ќе ви дојде на памет е да се приклучите на сајтот кој нуди повеќе. Но, тоа не секогаш е најдобра идеја.
Казино бонусите се многу повеќе од рекламата која ја гледате. Тие доѓаат со правила и услови кои мора да бидат исполнети не само за да го добиете бонусот туку и за да добиете можност да ја повлечете добивката.
Со други зборови, добивањето на бонусот е првиот чекор кон добивање некаква корист од казино понудата. Вториот е исполнување на правилата и условите. За да ја одредите вистинската вредност на една казино промоција, потребно е да ги дознаете деталите кои најчесто се презентирани во делот “прочитај повеќе” во самата понуда.
Еве кои се најважните работи на кои треба да обрнете вниманите пред да искористите казино бонус.
- Обртни барања – Ова е апсолутно најважната ставка. Обртните барања одредуваат колку пати треба да ги вложите бонус средствата на казино игрите пред да може да ја повлечете добивката. На пример, ако сте добиле бонус од 10,000 денари со обртни барања од 35x, треба да обложите 350,000 денари пред да може да го повлечете она што го имате како добивка.
Во овој дел би сакале да ве потсетиме дека во некои бонуси се засметува само бонус сумата додека во другите бонус сумата и уплатата како делови од обртните барања. Генерално земено, обртни барања помеѓу 25x и 50x (доколку се однесуваат само на бонус сумата) се сметаат за фер.
- Минимален депозит/минимална уплата – Освен доколку не се работи за казино бонус без депозит, во сите други случаи казиното ќе ви побара минимален депозит за да може да го искористите бонусот. Добрата вест е дека во повеќето случаи овој износ се поклопува со општиот минимален депозит кој е дозволен во казиното. Најчесто се работи за сума од околу 600 денари.
- Рокови – Кога станува збор за рокови поврзани со казино бонусите, треба да внимавате на две работи. Прво, некои бонуси можат да се искористат само во одреден временски период. На пример, многу казина ви дозволуваат да го побарате бонусот за добредојде во рок од седум денови откако ќе се зачлените во казиното.
Од друга страна, поважен е рокот кој ви е даден да ги исполните обртните барања. Доколку не ги исполните во предвидениот рок, ги губите добивките од него. Разумен период според нас е седум или повеќе денови.
- Придонес на игрите – Уште една работа на која треба да внимавате пред да употребите некој казино бонус е придонесот на игрите. Имено, во повеќето случаи не сите казино игри придонесуваат кон обртните барања, а и тие што придонесуваат не придонесуваат исто.
Повеќето онлајн казина одредуваат придонес од 100% за онлајн слотовите и инстант игрите. За рулет, бакара и блекџек придонесот е 5% или 10%, а на некои сајтови, овие игри не придонесуваат кон обртните барања. Најчесто прогресивните слотови не придонесуваат воопшто.
- Максимална добивка – Иако не сите онлајн казина имаат вакво ограничување, на многу сајтови ќе најдете и вакво нешто. Едноставно кажано, добивката која може да ја остварите од бонус средствата ќе биде ограничена до одредена сума. Секако, најдобрите казина во Македонија ќе ви понудат ограничувања од барем 60,000 денари или повеќе.
Зошто онлајн казината нудат бонуси?
Една од работите кои ги прават онлајн казината далеку поатрактивни од нивните физички верзии кои ги гледаме на многу места во градовите низ Македонија се бонусите. Но, која е причината што едните имаат вакви понуди а другите немаат?
Прво, онлајн казината немаат потреба од многу вработени и не треба да изнајмуваат големи простории за да функционираат. Со тоа тие заштедуваат пари кои може да ги искористат на креирање вакви понуди.
Второ, конкуренцијата на интернет станува се поостра. Нови казино сајтови се појавуваат секој месец. Казината мора да бараат начини како да бидат забележани, а нудењето бонуси за нови играчи или за постоечките е многу ефикасен начин да ја остварат таа цел.
Видови на онлајн казино бонуси
Постојат повеќе видови на онлајн казино бонуси. Некои од нив се создадени за одредени категории играчи додека други им се достапни на сите. Најдобрите онлајн казина достапни во Македонија вообичаено нудат повеќе од еден вид казино бонус. Ајде да ги разгледаме најпопуларните меѓу нив.
Бонус за добредојде
Овој бонус со интересно име е всушност бонус за нови играчи. Речиси секое казино има бонус за добредојде со цел да ги поттикне играчите да се регистрираат. Ова се најчесто највеликодушните понуди на казината. Во повеќето случаи се работи за совпаѓачки бонус на првата уплата, а понекогаш вклучува и бесплатни спинови. На пример 100% бонус за добредојде значи дека казиното ќе ви го дуплира првиот депозит (до одредена сума).
Бонус без депозит
Иако не е лесно да се најде бонус без депозит, овие понуди се уште постојат. Играчите со нив добиваат бонус пари и/или бесплатни спинови без да уплатат нивни пари. Овој бонус не носи никаков ризик, а ви дава шанса за заработка. Очекувано, овие промоции вообичаено имаат мали вредности и малку потешки обртни барања.
Бонус за бесплатни вртења
Бесплатните бртења, односно бесплатните спинови, се доделуваат како самостоен бонус или пак како дел од пакет бонусот за добредојде. Добивате одреден број на бесплатни спинови на претходно избрана слот игра. Сите добивки подлежат на обртни барања.
Бонус за повторна уплата
Бонусите за потворна уплата се создадени за да ги наградат постоечките играчи кои сакаат повторно да уплатат. Овие бонуси може да имаат различни форми како на пример совпаѓачки процент со депозитот кој го ставате после бонусот за добредојде.
Кешбек бонус
Кешбек бонусот им овозможува поврат на дел од загубените средства кои играчите ги обложиле на игрите. Казиното одредува период за кој ги пресметува загубите и им враќа процент на играчите (дневно, неделно или месечно).
Предности и слабости на казино бонусите
Несомнено, казино бонусите се многу атрактивни и играчите може да имаат голема корист од нив. Сепак, тие имаат и одредени слабости. Затоа, пред да искористите ваква понуда, добро е да се запознаете со нивните предности и слабости.
Предности
- Зголемување на салдото – Една од најзначајните предности на бонусите е тоа што ви даваат дополнителни средства со кое ви го зголемуваат салдото.
- Повеќе време за играње – Добивате и повеќе време за играње затоа што ќе имате повеќе пари за вложување.
- Можност да пробате нешто ново – Доколку сте мислеле дали да пробате некоја нова игра, а не ви се ризикувале вашите пари, бонус средствата се одлична можност за тоа.
Слабости
- Постојат обртни барања – Бонусите се оптоварени со обртни барања кои не ви дозволуваат да ги повлечете добиените средства веднаш.
- Ограничување на игри – Нема да може да ги играте сите игри со помош на бонус средствата.
Како да искористите онлајн казино бонус
Користењето на онлајн казино бонусите е едноставен процес. Дури и македонските играчи кои се почетници во ова поле ќе се снајдат и ќе го завршат процесот без многу мака. Еве ги чекорите кои треба да ги преземете:
- Прочитајте ги правилата и условите поврзани со бонусот. Тие се наоѓаат на рекламата за бонусот или пак во посебен оддел за правила и услови на казино сајтот.
- Изберете добро онлајн казино. Истражете ги опциите кои ви стојат на располагање или забрзајте ја постапката и регистрирајте се на едно од онлајн казината кои ги предлагаме.
- Направете кориснички налог. Кликнете на соодветното копче на главната страница и следете ги инструкциите.
- Уплатете. За активација на повеќето казино бонуси, треба да извршите уплата.
- Употребете бонус код. Некои бонуси бараат бонус кодови за нивна активација. Проверете ја страницата за промоција на казиното, контактирајте ја нивната поддршка или проверете ја нашата страница за да ги добиете кодовите.
- Исполнете ги обртните барања. Играјте игри кои придонесуваат кон обртните барања додека не ги исполните.
Повлечете ја добивката. Откако ќе ги исполните барањата, повлечете ја добивката.
Често Поставувани Прашања (ЧПП) за Казино Бонуси
Дали казино бонусите се исплатливи?
За да дознаете дали некој казино бонус е исплатлив или не, треба да се запознаете со неговите правила. Доколку доаѓа со реални ограничувања, опфаќа многу игри и нема многу ограничувања во поглед на повлекување на добивките, тогаш веројатно се работи за исплатлив бонус.
Дали бонус понудите се однесуваат само на нови играчи?
Иако бонусите за нови играчи (бонуси за добредојде) се рекламираат најмногу, сепак постојат и казино бонуси за постоечки играчи. Тие најчесто доаѓаат во облик на бесплатни спинови и пари.
Дали сите казино бонуси бараат код?
Најдобрите онлајн казина во Македонија јасно ќе ви предочат дали е потребно да се користи бонус код за да се активира бонусот. Генерално земено, повеќето казино бонуси не бараат код.
Кои видови на казино бонуси постојат?
Играчите можат да искористат најразлични видови казино бонуси. Некои од најпознатите се следниве: бонус за добредојде, бонус без депозит, бонус за повторна уплата, кешбек бонус и бонус за бесплатни вртења.
Што се тоа обртни барања?
Обртните барања покажуваат колку пати треба да ги вложите бонус парите на казино игрите пред да може да ја повлечете добивката. Ако таа вредност е 40x а вие сте добиле 1,000 денари, треба да обложите 40,000 денари пред да се стекнете со право да ја повлеќете добивката.