Megapari Казино
4.3/5

Megapari Казино

Неколку илјади игри ги пречекуваат посетителите на Megapari казино, а интересно е што дури и нерегистрираните играчи може да пробаат бесплатни игри. Што се однесува до начините на плаќање, може да бирате од неколку опции вклучувајќи и солиден број криптовалути. 

СопственикVdsoft & Script Development SRL
Година на основање2019
ЛиценцаАнжуан
Број на игри5,000+
Најдобри игриMore Magic Apple, Sunshine Rich: Hold and Spin, Aviator, Treasures of Aztec, Buffalo Goes Wild
Начини на плаќањеVISA, MasterCard, Jeton, MuchBetter, е-ваучери, криптовалути (Tron, Dogecoin, Litecoin, Bitcoin, итн.) и многу други опции.
Време на повелкување15 минути

Иако не сме сигурни дали намерата на основачот на Megapari Казино била да ги потсети македонските играчи на поседување многу пари, сепак се работи за интересна коинциденција. Овој казино сајт со име кое се помни многу лесно е основан во 2019-та година. Гледате во платформа позади која стои Vdsoft & Script Development SRL од Коста Рика.

Она што ни остави впечакот на главната страница на Megapari онлајн казино е едноставниот изглед и добриот превод на македонски јазик. Исто така, забележавме дека сајтот има лиценца од островот Анжуан кој е дел од Коморските острови. Неколку казино страници имаат лиценца од ова место, што значи дека полека се етаблира во почитуван партнер.

Неколку илјади игри ги пречекуваат посетителите на Megapari казино, а интересно е што дури и нерегистрираните играчи може да пробаат бесплатни игри. Што се однесува до начините на плаќање, може да бирате од неколку опции вклучувајќи и солиден број криптовалути. 

Добро е што може да стапите во контакт со корисничката поддршка во било кое време и на повеќе од еден начин. Секако, да не заборавиме да спомнеме во овој дел дека ова е безбедно казино.

Следете ја оваа исцрпна Megapari казино рецензија за да добиете одговори на сите ваши прашања.

Предности
  • Одличен бонус пакет за добредојде
  • Интерфејс на македонски јазик
  • Прифаќа 20+ криптовалути како и македонски денари
  • 5,000+ атрактивни игри
Слабости
  • Нема повлекување на банкарска сметка
  • ВИП програмата се сведува на кешбек понуди

Megapari Casino Бонуси и Промоции

Без разлика дали сте нов или стар играч, Megapari Казино ќе не награди доколку сте спремни да уплатите средства. Од она што го видовме, може да потврдиме дека условите и правилата за бонусите се стандардни.

Бонус за добредојде

Наместо обичен бонус за добредојде, Megapari Casino нуди цел пакет за добредојде наменет за нови корисници. Вообичаено за вакви пакети, бонусите се даваат не само на првиот туку на првите неколку депозити. Во овој случај на првите четири. Еве како изгледа тоа:

  • 100% совпаѓачки бонус до 19,000 денари и 30 бесплатни вртења на првиот депозит
  • 50% совпаѓачки бонус до 22,000 денари и 35 бесплатни вртења на вториот депозит
  • 25% совпаѓачки бонус до 25,000 денари и 40 бесплатни вртења на третиот депозит
  • 25% совпаѓачки бонус до 28,000 денари и 45 бесплатни вртења на четвртиот депозит

Севкпуно може да очекувате до 94,000 денари и 150 бесплатни вртења. Минималната уплата треба да биде 600 или 900 денари (во зависност од тоа за кој депозит се работи). Со обртни барања од 35x од бонус сумата, може да речеме дека овие барања се разумни. Исто така имате 30 денови да ги исполните.

Да напоменеме дека уплати со криптовалути ќе оневозможат користење на овој бонус.

Бонус за постоечки играчи

Доколку сте го искористиле пакетот за добредојде, тоа не значи дека Megapari Казино ќе престане да ве наградува. Напротив, наградите штотуку започнуваат.

Прво, има еден интересен бонус поврзан со вашиот десетти депозит. Тука може да очекувате 50% бонус до 18,000 денари. Се што треба да направите е да уплатите барем 617 денари. Условите остануваат исти како оние кои ги споменавме погоре.

Понатака, постои и шанса да искористите 60 неделни бесплатни облози во Aviator играта со урнување. Ќе добиете 20 бесплатни облози во Aviator за секоја уплата од барем 617 денари. Може да извршите максимум 3 уплати за да ја добиете оваа награда.

Тука е и бонусот за повторен депозит која ветува 100% совпаѓачки бонус до 18,600 МКД. Megapari VIP програмата со 8 нивоа од друга страна ви нуди кешбек од 5% до 11%. За да напредувате во неа треба да се обложувате повеќе. 

Избор на Игри во Megapari Казино

Откако ќе ја отворите секцијата за игри во Megapari казино ќе дојдете до истиот заклучок како и нашиот тим – на овој сајт не може да ви биде здодевно. Постои колекција со повеќе од 5,000 игри. 

Тука ќе видите секакви игри поделени во неколку категории како Macau selection, блекџек, Buy Bonus, Bonus wagering, џекпот, рулет итн. Ќе најдете наслови од повеќе од 100 софтвер провајдери а SmartSoft Gaming, Habanero, Iron Dog Studio и Quickspin се некои од најзвучните имиња.

Покрај категоризирањето кое го спомнавме погоре, има и поле за пребарување кое помина одлично на нашето тестирање.

Слот игри

Нема изненадувања кога се работи за тоа кои игри во Megapari Казино се главни. Се разбира, тоа се слотовите. Како регистриран играч ќе може да играте 4,500+ слот игри. Како што истакнавме претходно, дури и без регистрација може да пробате бесплатни игри.

Покрај модерните видео слотови, Megapari има и многу класични слотови за љубителите на игри со ретро атмосфера. Секако, повеќето наслови се збогатени со бонуси и специјални икони кои ја подигаат играта на повисоко и потенцијално побогато ниво.

Слотовите на Megapari имаат привлечни приказни кои ве носат на различни страни од светот и во различни времиња. Некои од најдобрите меѓу нив се Double Blazing Hot 27 Ways, Wild Bounty Showdown, Gates of Olympus, Royal Fruits: Hold ‘N’ Link и Sugar Rush.

Игри на маса и останати игри

Нема да најдете категорија игри на маса во Megapari Казино, но има секции за вакви игри. Па така, само во блекџек секцијата најдовме преку 80 наслови. Доста богати беа и покер, бакара и рулет секциите. 

Од останатите игри покриени се сите – од кено и бинго до игри со уривање и игри со коцки.

Казино во живо

Фантастична атмосфера која ќе ве потстети на традиционалните казина ќе ве пречека во било кој од 200+ наслови во категоријата Megapari казино во живо. 

Овие игри се дел од колекциите на познатите брендови Vivo Gaming, Pragmatic Play, Evolution и неколку други.

Има и игри со дилери/хостеси кои не зборуваат на англиски. Тука ќе најдете наслови со руски, турски, шпански и останати дилери, но сепак не и со македонски. XXXTreme Lightning Roulette, Crazy Time, Speed Baccarat и Unlimited Blackjack се некои од популарните игри тука.

Начини на Плаќање во Megapari Казино

Најдобрите онлајн казина на своите играчи им нудат широк спектар на опции за уплата и исплата. Според она што го видовме и Megapari Казино спаѓа во оваа категорија.

За играчите од Македонија достапни се многу начини на плаќање кои може да ги поделиме во категориите е-новчаници, е-ваучери и криптовалути.

Сепак, недостигаат класичните начини како банкарски картички и трансфери за повлекување. Добрата вест е што може да се надевате на фер ограничувања и брзи трансакции.

Уплата

По кликнувањето на копчето “направи депозит” ќе ви се појават триестина опции кои како што кажавме спаѓаат во три категории. Некои од најпопуларните меѓу нив се:

  • VISA
  • MasterCard
  • MiFinity
  • MuchBetter
  • AstroPay
  • Litecoin
  • Ripple
  • TRON
  • Bitcoin

50 денари е минималниот износ кој може да го уплатите во повеќето случаи што е под стандардот и секако е позитивна работа за македонските играчи. Максималната уплата може да достигне и околу 600,000 денари со некои методи.

Конечно, кога станува збор за депозитите, не треба да очекувате провизии и застој во трансакциите. 

Исплата

Со Megapari Казино повлекувањето на добивките е прилично лесно. Повторно имате триесетина начини да ја завршите постапката, но банкарските картички не ви стојат на располагање.

Некои од начините на исплата нудат минимално повлекување од само 30 денари како на пример USDT. И останатите опции се прилично фер и пониски споредени со повеќето казина. Највисоките ограничувања можат да достигнат и над 1,500,000 денари како во случајот со Bitcoin.

За крај го сочувавме најдоброто – исплата без оглед на начинот кој сте го избрале се завршува во период до 15 минути.

Megapari Казино Лиценци и Безбедност

Островот Анжуан кој е дел од Коморските Острови е местото од каде што доаѓа лиценцата на Megapari онлајн казино. Неколку други солидни казино сајтови имаат ваква лиценца која во последно време го привлече вниманието на казино операторите кои до сега имале лиценци од Курасао.

Високото ниво на енкрипција е причината да го рапсоредиме овој сајт во категоријата безбедни казина. Со ова, чувстителните податоци на корисниците се енкриптираат пред да се пренесат преку интернет. 

Корисничка Поддршка во Megapari Казино

Megapari Казино е добро организиран сајт кога станува збор за корисничка поддршка. Сајтот ви обезбедува неколку начини да стапите во контакт со неговите претставници:

  • Контакт форма
  • Телефон
  • Разговор во живо
  • Имејл (support@megapari.com)

Без оглед на периодот од денот или ноќта, некој од стручните и обучени агенти за поддршка ќе ви даде одговор на вашето прашање. Најдобро е да пробате со разговор во живо бидејќи просечното време на добивање одговор на овој начин е 5 минути.

Megapari Казино Регистрирање

Уште едно изненадување ги чека играчите на Megapari Казино, а тоа е регистрацијата на овој сајт. Имено, сајтот остава на вас да изберете дали ќе се регисрирате по телефон, по имејл или преку социјални мрежи и месинџери. Ние одбравме регистрација по имејл и делот од постапката ќе го опишеме подолу се однесува на него.

  1. Линкот од нашиот сајт ве води на главната страница на Megapari Казино.
  2. Во горниот дел кликнете на црвеното копче “Регистрација”.
  3. Изберете бонус и внесете ги бараните податоци (за имејл регисрација: држава, валута, имејл, број на телефон, и лозинка) пред да кликнете на копчето регистрација.
  4. Честитики! Вие сте регистриран член на Megapari и може да ја извршите вашата прва уплата.

Заклучок

Уживавме додека ја пишувавме оваа Megapari казино рецензија. Како ретко кога сите елементи кои ги бараме во едно онлајн казино беа речиси совршени. 

Прво не воодушевија бонусите вклучувајќи го и масивниот бонус пакет за добредојде.

Потоа се запознавме со колекцијата на казино игри која овде брои преку 5,000 наслови. Megapari понуди и добри опции за плаќање иако би сакале во блиска иднина да видиме и опција за банкарски трансфер или банкарски картички за исплати за македонските играчи.

Да додадеме и уште дека ова лиценцирано казино е пријателски настроено кон крипто играчите како и играчите кои користат мобилни уреди (има и мобилни апликации).

Земете бонус за добредојде до 1,500 евра + 150 бесплатни спинови во Megapari Казино
Совпаѓачки бонус за довредојде до 1,500 евра и 150 бесплатни спинови.
*Само за нови играчи
Само за нови играчи над 18 години! Бонус за добредојде на првите три уплати до 1,500 евра. Дополнително, добивате до 150 бесплатни спинови на првите три депозити. Минимална уплата од 10 евра.

Често Поставувани Прашања (ЧПП) за Megapari Казино

Дали Megapari Казино има мобилна апликација?

Да, Megapari Казино им а е достапно на мобилните играчи преку своја апликација. Добро е да спомнеме дека постојат две верзии од Megapari мобилната апликација – една за Android и една за iOS и истите се достапни на самиот сајт.

Дали криптовалутите се достапни како начин на плаќање во Megapari Казино?

25 криптовалути во моментов им се достапни на македонските играчи како начин на плаќање во Megapari Казино. Некои од најпопуларните меѓу нив се Биткоин, Етереум, Лајткоин, Трон, Доџкоин итн.

Дали Megapari Казино има корисничка поддршка преку телефон?

Да, има два телефонски броеви за корисничка поддршка кои ќе ги најдете во делот Контакти на главната страница. Сепак, македонските играчи треба да знаат дека поддршката на Megapari Казино е на англиски јазик.

Дали има игри во живо во Megapari Казино?

Љубителите на казино игри во живо може да се упатат на одвоената страница за овие наслови во Megapari Казино. Тука ќе најдат повеќе од 200 игри од десетина водечки казино софтвер провајдери.

<< 1 >>


Megapari Казино
4.3/5
Floating Bar