Tsars Казино
4.5/5

Tsars Казино

Tsars онлајн казино има одличен избор на игри кој се состои од преку 4,000 наслови. Работи со лиценца издадена од Курасао и нуди високо ниво на безбедност. Овој сајт исто така ги наградува играчите со бонуси.

СопственикRR Investments N.V.
Година на основање2020
ЛиценцаКурасао
Број на игри4,000+
Најдобри игриSweet Bonanza, San Quentin xWays, Midas Golden Touch, Bounty Smash
Начини на плаќањеVISA, MasterCard, Skrill, Jeton, Neteller, MiFinity, ecoPayz, PerfectMoney, Bitcoin, Litecoin, Ethereum, Tron, Binance Coin, Tether, USD Coin, Bitcoin Cash, Ripple, Solana, Dai, Cordano, Dogecoin, Polygon, банкарска сметка.
Време на повлекувањеИнстантно

Што би рекле кога би ви кажале дека постои царско казино? Веројатно би се насмеале. Но, верувајте такво онлајн казино постои. Секако, се работи само за сајт кој носи такво име – Tsars Казино.

Во него, играчите се во улога на истражувачи на земја со живописен терен. Мора да кажеме дека ова онлајн казино има одличен дизајн. Tsars Казино е основано во 2020 година од страна на RR Investments N.V. фирма од Курасао која моментално располага со три казино сајтови.

Tsars онлајн казино има одличен избор на игри кој се состои од преку 4,000 наслови. Работи со лиценца издадена од Курасао и нуди високо ниво на безбедност. Овој сајт исто така ги наградува играчите со бонуси.

Тука може да очекувате уште една платформа со солиден избор на начини на плаќање и современа поддршка за корисниците. Иако нема да најдете поддршка или навигација на македонски јазик, има неколку варијанти кои може да ви бидат корисни како англиски и хрватски јазик.

Ги покануваме македонските играчи да останат со оваа Tsars казино рецензија за да откријат што сѐ нуди овој интерест сајт.

Предности
  • Солиден бонус пакет за добредојде
  • Корисничка поддршка достапна 24/7
  • Повеќе од 4,000 игри
  • Брзи исплати
Слабости
  • Нема програма за лојалност
  • Провизии при уплата и исплата

Tsars Casino Бонуси и Промоции

Со помош на Цареви Казино (тоа е буквалниот превод на оваа платформа), може да очекувате неколку бонуси. Тоа што фали во моментов е ВИП програма или програма за лојалност, но не значи дека во иднина нема да го видиме и тоа.

Како и да е, обврските на играчите кои треба да ги исполнат пред да може да ги искористат и уновчат бонусите не се поинакви од стандардните.

Бонус за добредојде

Доколку сте нов корисник, Tsars Casino ќе ве почесто со одличен бонус пакет за добредојде. Ова е всушност бонус пакет кој се однесува на вашите први четири депозити и вклучува пари и бесплатни спинови. Еве како конкретно изгледа оваа промоција:

  • 100% совпаѓачки депозит бонус до 300 евра и 100 бесплатни спинови
  • 50% совпаѓачки депозит бонус до 300 евра и 100 бесплатни спинови
  • 100% совпаѓачки депозит бонус до 400 евра
  • 100% совпаѓачки депозит бонус до 1,000 евра

Овој бонус доаѓа со обртни барања од 25 пати кои ги вклучуваат и сумата на депозитот и на бонусот. Запомнете дека само слотовите придонесуваат кон обртните барања. Исто така, може да освоите до 1,000 евра на овој начин. Сепак, и доколку ја надминете оваа сума, казиното може да ви ја одобри но неа нема да може да ја извлечете веднаш.

Бонус за постоечки играчи

И играчите кои веќе го искористиле бонус за добредојде може да бидат задоволни од промоциите на Tsars Казино. Па така, секој викенд вообичаено е да очекуваат бонус за повторна уплата од 30% до 300 евра и бесплатни спинови.

Тука се и дневните бонуси како на пример мистериозниот бонус во среда кој доделува награда за секој што ќе уплати во среда. Има и секојдневна награда која може да се изрази во бесплатни спинови или супер спинови за играчите кои изгубиле одредена сума во текот на денот или пак кешбек понуда.

Не е необично за ова казино да понуди и сезонски бонуси. На нашиот сајт ќе најдете информации за овие како и за други промоции.

Избор на Игри во Tsars Казино

Откако ги разгледавме бонусите во ова казино, време е да се фокусираме на изборот на игри. Овој пат добивате шанси да испробате 4,000+ игри. Секако, нивниот број постојано расте бидејќи повеќе од 40 софтвер провајдери присутни во Tsars Казино додаваат нови наслови секој месец. NetEnt, ReelPlay, Red Tiger, Wazdan и Play’n GO се само некои од звучните провајдери на овој сајт.

Необично е тоа што нема категорија посветена на слот игри, но тие се најбројни на овој сајт. Може да одберете сајтот да ви ги покаже сите игри, новите, казино во живо, избрани игри од страна на сајтот, т.н. смеш игри како и оние во кои може да се купуваат бонусите.

Пребарувањето преку специјалното поле во горниот дел од сајтот се покажа моѓне ефикасно.

Слот игри

Како што кажавме, нема слот категорија но слот игрите се водечки наслови во Tsars Казино. Наш совет е да ја искористите шансата да играте слотови бесплатно пред да вложите ваши пари.

Интересно е тоа што под секој наслов и сликичка ќе најдете краток опис за слотот. Како и да е, наидовме на возбудливи игри со бонуси како бесплатни спинови, потворени спинови, мултипликатори, опција за купување бонуси итн.

Wanted Dead or A Wild, Tome of Madness, Moon Princess 100 и Sloth Tumble се некои од позабавните слот игри тука.

Игри на маса и останати игри

Tsars онлајн казино нема секција ниту за игри на маса, но тоа не значи дека нема да ги најдете тука. Напротив, најдовме пристоен број на блекџек, рулет, бакара и покер варијанти.

Од останатите игри ќе ги спомнеме брзопотезните смеш игри кои имаат своја страница, но и неколкуте бинго игри и грепки.  

Казино во живо

Откако ќе кликнете на игри во живо, ќе ви се прикажат околу 100 наслови кои припаѓаат на оваа категорија. Видовме дека повеќето од нив се од Evolution, Bombay Live и Pragmatic Play Live.

Tsars казино во живо е местото кое ви нуди пристап до разни познати и помалку познати игри кои се раководени од дилери во живо преку стримови. Тука ќе најдете забавни игри како Monopoly, Deal or No Deal, Fan Tan, Mega Roulette, Free Play Blackjack, како и ексклузивната Tsars Roulette.

Начини на Плаќање во Tsars Казино

Играњето без пари, во демо верзија, носи возбуда. Но играњето со вистински пари е единствениот начин да добиете шанса за вистински добивки во Tsars Казино. Доколку сте спремни на тој чекор, треба да знаете дека има преку 20 начини да уплатите и извлечете добивки на оваа платформа.

Уплата

Речиси сите популарни начини на плаќање во Македонија се достапни во Tsars Казино. Искористете го плус знакот до вашиот баланс за да извршите уплата. Се работи за список од преку 20 начини на уплата:

  • VISA
  • MasterCard
  • Skrill
  • Jeton
  • Neteller
  • MiFinity
  • ecoPayz
  • PerfectMoney
  • Bitcoin
  • Litecoin
  • Ethereum
  • Tron
  • Binance Coin
  • Tether (ERC20, TRC20, BEP20, Polygon)
  • USD Coin (TRC20. ERC20, BEP20)
  • Bitcoin Casino
  • Ripple
  • Solana
  • Dau (ERC20, BEP20)
  • Cordano
  • Dogecoin
  • Matic

Tsars Казино дозволува минимален депозит од 20 евра за сите методи на уплата. Негативното е тоа што наплаќа 1 евро при депозит, што не е вообичаено во денешно време. Највисокиот депозит зависи од начинот на плаќање и се движи претежно од 700 до 5,000 евра. Казиното го обработува секое барање веднаш.

Исплата

Добро е тоа што Tsars Казино исплаќа на речиси истите начини. Дополнително може да користите банкарски трансфер (односно повлекување на трансакциска сметка).

Казиното ви дозволува да повлечете барем 20 евра во еден трансфер. Постојат и дневни, неделни, месечни и годишни ограничувања од 5.000, 15.000, 30.000 и 50.000 евра.

Тоа што може да биде проблематично се релативно високите провизии за повлекување добивки. На пример, доколку повлекувате преку Skrill или Neteller очекувајте провизија од 1% односно 2% од сумата. Банкарскиот трансфер доаѓа со фиксна провизија од 7 евра. Ова е нешто кое би сакале да се отстрани во иднина.

Позитивно е секако тоа што барањата за повлекување се одобруваат веднаш, па веројатно и затоа има вакви провизии.

Tsars Казино Лиценци и Безбедност

Tsars Казино ги следи стапките на многу други онлајн казина достапни во Македонија во однос на лиценцата. Имено, ова е казино сајт со лиценца одобрена од властите во Курасао.

Не најдовме некој посебен дел на сајтот кој зборува за безбедноста, но може да потврдиме дека користи SSL енкрипција и дека веб прелистувачите го препознаваат како безбеден.

Корисничка Поддршка во Tsars Казино

Работите се едноставни и ефикасни кога станува збор за Tsars Казино корисничката поддршка. Самиот сајт ве советува да го посетите делот за често поставувани прашања кога и да имате некое прашање. И навистина, овој дел изобилува со информации.

Сепак, ако ви треба специфична помош од човек, тука се Tsars Казино агентите за корисничка поддршка достапни преку разговор во живо.

Тие ви стојат на располагање во текот на целиот ден и не би требало да одвоите повеќе од неколку минути за да дојдете до одговор.

Tsars Казино Регистрирање

И да пробувате да се регистрирате во казино за прв пат, сигурни сме дека нема да имате никакви проблеми со регистрацијата во Tsars Казино. Потребни се само три чекори за да го завршите процесот:

  1. Притиснете на специјалниот линк во оваа рецензија и отворете ја официјалната Tsars Казино страница.
  2. Кликнете го Sign Up копчето.
  3. Пополнете ги информации кои се бараат (е-пошта, лозинка, валута, телефонски број, потврда дека сте полнолетен и потврда дека се согласувате со условите и правилата).
  4. Притиснете го копчето Sign Up и тоа е тоа!

Заклучок

Дали Tsars Казино е царско? Би рекле дека треба да поработи уште малку за да го заслужи тој епитет. Сепак, мораме да признаеме дека овој сајт има одлична понуда. Изборот на игри е импресивен исто како и провајдерите позади овие игри.

Имаме и бонуси за нови и постојни играчи, но нема програма за лојалност.

Играчите може да користат разновидни методи за плаќање, но сите доаѓаат со провизии што не е вообичаено за денешните казина. Дополнително, имаме ефикасна корисничка поддршка преку разговор во живо.

Ова не се некои големи слабости, но доколку се поправат во иднина, Tsars Казино сигурно ќе се најде во редот на водечките сајтови за коцкање. До тогаш ве советуваме и самите да пробате како овој сајт функционира и да извлечете заклучок.

Земете бонус за добредојде до 2,000 евра и 200 бесплатни спинови во Tsars Казино
Совпаѓачки бонус за довредојде до 2,000 евра и 200 бесплатни спинови на првите четири депозити.
*Само за нови играчи
Само за нови играчи над 18 години! Бонус за добредојде на првите четири уплати до 2,000 евра. Дополнително, добивате по 100 бесплатни спинови на првите два депозити. Минимална уплата од 20 евра.

Често Поставувани Прашања (ЧПП) за Tsars Казино

Дали може да играм џекпот игри во Tsars Казино?

Да, постојат повеќе игри со џекпот награди во Tsars Казино. За да ги најдете, користете го полето за пребарување бидејќи истите немаат посебна категорија на сајтот.

Дали Tsars Казино нуди корисничка поддршка 24/7?

Да, без разлика во кој дел од денот или ноќта ви е потребна помош, можете слободно да се обратите до тимот за поддршка. Единствениот начин да го направите тоа е преку разговор во живо на самата платформа.

Како може да искористам Tsars Казино бонус?

Во зависност од бонусот може да очекувате посебни правила за користење на истиот. Наш совет е да ја посетите секција за промоции преку главната страница на Tsars Казино за да ги дознаете деталите.

Дали Tsars Казино има ЧПП секција?

Да, Tsars Казино има секција за Често Поставувани Прашања (ЧПП). Добро е оваа секција да се посети пред да се обидете да стапите во контакт со некој од агентите за корисничка поддршка.

<< 1 >>


Tsars Казино
4.5/5
Floating Bar