Raiders of the North
Играј БЕСПЛАТНО

Приклучете им се на бестрашните Викинзи и нордиските богови во следната тура освојувања. Raiders of the North слот играта е уште едно убаво надополнување на категоријата слотови со викиншка тематика. 

BF Games ни нуди игра со убава графика која се изразува преку исполираните симболи во најразлични бои и интересни детали, транспарентна матрица и величествена слика зад симболите која прикажува викиншки брод кој се доближува до некое населено место на северот. Играта има епска музика и амбиентални звуци.

Технички карактеристики и бонуси

Едноставен играчки панел со 5 колони и 3 редови (плус еден скриен ред) ќе ве пречека откако ќе ја отворите Raiders of the North slot играта. Исто така треба да очекувате до 1,024 добитнички правци. Овој слот има девет стандардни симболи: четири штитови со рунски знаци и пет ликови вклучувајќи ги и боговите Локи и Один. 

Валкиријата ја игра улогата на т.н. летечки Wild симбол. Таа ги заменува стандардните симболи кога има потреба од тоа и се движи на случајно избрана позиција на колоните додека ги заменува симболите со ниска вредности со симболи со висока вредност.

Бродот на мапата над колоните е во постојано движење. Кога ќе пристигне на своето одредиште, се активира Treasure Island (Остров на богатството) функцијата. Таа го активира четвртиот ред, додава Wild симбол кој покрива една колона и стартува едно бесплатно повторно вртење. Ова повторно вртење гарантирано обезбедува добивка.

Од друга страна, знакот со мистериозните триаголници е Scatter симбол и добивањето три вакви симболи на првата, третата и петтата колона ќе ви донесе 10 бесплатни вртења. За време на оваа рунда, може да се појави симболот со клуч. Доколку соберете 3 до 12 вакви симболи, ќе добиете дополнителни две бесплатни вртења и мултипликаторот ќе се зголеми за x2 до x5. 

Бесплатните вртења можат и да се купат за облог вреден 45 пати повеќе од вашиот моментален облог.

Што треба да знаете за Raiders of the North Слот

ПровајдерBF Games
RTP96.16%
Исплатни линии1,024 добитни правци
Максимална добивка3,168x
ОбјавенАприл, 2024
Предности
  • Можност за повторно вртење
  • Бесплатни спинови со мултипликатор на добивките
  • Летечки Wild симбол
Слабости
  • Нема прогресивни џекпоти
  • Опцијата за автоматски спинови не може да се регулира
НАЈДОБРО РАНГИРАНИ СЛОТОВИ од BF Games
Raiders of the North
Raiders of the North
Floating Bar