Bonanza Billion
Играј БЕСПЛАТНО

Подгответе се за лов на овошја и скапоцени камења. Bonanza Billion слот играта има тема која всушност спојува две популарни теми кои може да го најдете во многу други онлајн слотови.

BGaming создал наслов со убави визуелни елементи како на пример зелени колони со светкава рамка околу нив, како и сјајни симболи во јарки бои. Она што ќе го најдете позади матрицата е исто така многу интересно – поле исполнето со гигантски овошја. Музиката е весела и звучи како да е позајмена од некој цртан филм.

Bonanza Billion slot е екипиран со матрица која се состои од 6 колони и 5 редови. Да истакнеме и дека играта користи механика на Scatter исплати. Тоа значи дека осум или повеќе исти обични симболи било каде на матрицата носат добивка. Обичните симболи вклучуваат: цреши, портокал, лимон, слива, лубеница и четири скапоцени камења во различни бои и форми од кои зелениот дијамант е највреден.

Во овој случај, разнобојниот анимиран знак е Scatter симбол. Потребни би се барем четири вакви знаци на панелот за да добиете 10 до 30 бесплатни спинови. Шарената бомба може да се појави само во оваа рунда. Таа е мултипликатор кој ги умножува вашите добивки.

Запомнете дека после секоја добивка во регуларниот дел од играта или за време на бесплатните спинови, следува паѓање. Со други зборови, добитните симболи се отстрануваат, а нови паѓаат на нивните позиции. 

Конечно, со плаќање 100 пати од вашиот моментален облог или 25% повеќе од вашиот моментален облог Bonanza Billion слот играта ви овозможува да ја активирате рундата со бесплатни спинови или ја дуплирате шансата за нејзина активација.

Што треба да знаете за Bonanza Billion Слот

ПровајдерBGaming
RTP 96%
Исплатни линииМеханика на Scatter исплати
Максимална добивка15,000x
ОбјавенДекември, 2021
Предности
  • Механика на Scatter исплати
  • Паѓачка функција која дава повеќе можности за добивки во една рунда
  • Мултипликатор
Слабости
  • Спој од две стандардни теми
  • Нема џекпоти
Floating Bar